Економија „Сваровски“ ги затвора производствените погони во Кина и во Чешка

„Сваровски“ ги затвора производствените погони во Кина и во Чешка

Компанијата „Сваровски“ ги затвора производствените погони во Кина и во Чешка и производството ќе го концентрира на Австрија и на Србија, стои во соопштението на компанијата.

Во Кина ќе бидат затворени 200, а во Чешка 75 работни места. Од компанијата велат дека по сеопфатна промена во меѓународната стратегија за производство, следните месеци производството ќе биде сконцентрирано на седиштето во Ватенс, Австрија и во новиот погон во Србија.

Производствените погони во Србија се градат во индустриската зона Мали Бајмок, Суботица, и планирано е да се вработат 550 до 600 луѓе.

Претходно, потпретседателот на компанијата задолжен за производство, Ралф Герингер, изјави дека компанијта ги избрала Србија и Суботица поради близината до Австрија и дека новата фабрика лесно ќе може да се вклучи во мрежата на производствени капацитети.