Македонија Судската администрација од денеска во тридневен штрајк

Судската администрација од денеска во тридневен штрајк

Вработените во судската администрација од денеска стапуваат во тридневен штрајк, поради, како што велат, незадоволството од примањата и од лошите услови за работа.

Организаторите од Синдикатот на управата и правосудните органи (УПОЗ), како и здруженијата на граѓани и на судска администрација велат дека на денот на штрајкот, судовите делумно ќе функционираат, додека случаите за итна постапка и притвор нормално ќе работат.

Според најавите, тие еден час од своето работно време ќе го поминат седејќи во ходникот, а последниот ден од планираниот тридневен штрајк ќе го поминат пред три институции, Влада, Министерство за правда и пред Собранието.