Подглавна секција Судот ја обврза германската влада да преземе итни мерки против штетните гасови

Судот ја обврза германската влада да преземе итни мерки против штетните гасови

Климатскиот закон предвидува министерствата итно да реагираат доколку се надмине годишното дозволено количество на емисии на штетни гасови во одреден сектор

Фото: Marijan Murat/dpa

Германската влада мора да преземе дополнителни итни мерки против емисијата на штетни гасови од возилата и зградите, одлучи германскиот Вишиот управен суд Берлин-Бранденбург, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Судот ја донесе одлуката вчера, по жалбите на еколошките здруженија Deutsche Umwelthilfe и BUND. За пресудата е дозволена жалба.

Здруженијата се обратија до судот со тврдење дека надлежните министерства не постапиле соодветно во случаи кога се надминува дозволената количина на гасови.

Климатскиот закон предвидува министерствата итно да реагираат доколку се надмине годишното дозволено количество на емисии на штетни гасови во одреден сектор.

Законот предвидува и до 2030 година количината на гасови да се намали за 65 отсто во однос на емисиите од 1990 година.

Минатата година намалувањето изнесуваше повеќе од 40 отсто.