Македонија Суд во Шведска ослободи Македонец, камионџиите на протест

Суд во Шведска ослободи Македонец, камионџиите на протест

Од здруженија на камионџиите тврдат дека протестот ќе трае до Божиќ

Незадоволни од ослободителна пресуда за Македонец кој бил фатен додека возел со фалсификувани бугарски документи во Шведска, денеска повеќе шведски камионџии почнаа протест.

Според најавите, камионџиите ќе ги паркираат своите тешки товарни возила на страничната лента од автопатите секој ден по 15 минути. Од здруженија на камионџиите тврдат дека протестот ќе трае до Божик.

44-годишниот Македонец беше ослободен од судот во Сундсвал, а повеќе од 100 лица поднеле жалба на пресудата. Повеќе од 4.000 камионџии, пак, се потпишале на петицијата испратена до надлежните институции, во која бараат еднакви услови за шведските транспортни претпријатија.