Македонија „Студентски пленум“ со поддршка за штрајкот на СОНК

„Студентски пленум“ со поддршка за штрајкот на СОНК

„Студентски пленум“ го поддржува штрајкот на СОНК за остварување на правата на просветните работници и во битката за квалитетно подобрен образовен систем. Тие велат дека одбиваат да бидат експеримент.

„Студентскиот пленум најдобро го познава игнорантскиот однос на власта за образовните политики, кои се темелат на наметнати, недоволно анализирани решенија, од кои се исклучени сите засегнати страни. Ги охрабруваме просветните работници да ја продолжат својата битка, во интерес на своите ученици, со барања за подобро образование и со барање анализа на досегашните постигнувања на екстерното тестирање, освен намалувањето на просекот на учениците и казнувањето на наставниот кадар“, велат од „Студентски пленум“.

Тие веруваат дека заедно ќе ја истераат битката до крај и дека образованието ќе биде вратено во вистинските раце.