Македонија „Студентски пленум“ на власта ќе ѝ дава лекции по државништво

„Студентски пленум“ на власта ќе ѝ дава лекции по државништво

„Подгответе се, почитуван господине Премиер, почитувана Владо на Република Македонија, почитувани „народни претставници“ од Собранието, почитуван Претседателе, индексите в рака и на часови. Студентски пленум ќе предава лекции по државништво! Борбата почнува“, напишаа од „Студентски пленум“ на нивната фејсбук-страница. Пленумци велат дека нема да дозволат да се гази по достоинството на студентите, бесрамно да се прегази автономијата на универзитетите и на најдрзок начин да се прекрши Уставот, највисокиот правен акт на Република Македонија!

 – Очекувано, светлината на крајот на тунелот излезе дека е воз кој со голема брзина ита кон прегазување на високото образование. Иако многупати предупреден за противуставната содржина на новиот Закон за високо образование, Ѓорге Иванов се одлучи да го одобри истиот. Одлучи да не биде државник, да не биде професор, да не биде претседател на сите. Сега веќе може да се каже дека, иако намерата беше најискрена, изодените институционални патишта не дадоа резултат – напишаа од „Студентски пленум“  на својата фејсбук-страница.