Економија Странските инвестиции во првите три месеци изнесуваат 58,7 милиони евра

Странските инвестиции во првите три месеци изнесуваат 58,7 милиони евра

Странските инвестиции во првите три месеци изнесуваат 58,7 милиони евра, што е за 8,7 проценти помалку во однос на истиот период лани, објави Народната банка.

Најмногу странски инвестиции има од Лихтенштајн 7,6 милиони евра, Италија 4,35 милиони евра, Австрија 3,4 милиони евра.

Во однос на сектори, најмногу странски инвестиции има во транспортна опрема, моторни возила, во градежништвото, текстил, финансиско посредување, освен осигурувањето.