Македонија Стотици граѓани во Куманово протестираа против одлуката на Иванов

Стотици граѓани во Куманово протестираа против одлуката на Иванов

Група граѓани од пред зградата на Основниот суд во Куманово замина кон центарот на градот, со извици за оставка на претседателот Ѓорге Иванов, но и за оставка на актуелната влада.

Пред насобраните граѓани се обратија лидерката на стечајните работици, Лилјана Ѓеоргиевска, и докторот Мице Дудучки, кој кажа дека се обраќа во свое лично име, како граѓанин.

Протестот поминува мирно, со извици и со свирежи, додека полицијата ја следи групата.

Граѓаните изјавуваат дека се револтирани од аболицијата на криминалци.