Култура Стојковски, Шериф и Грозданов, добитници на наградата „Свети Климент Охридски“

Стојковски, Шериф и Грозданов, добитници на наградата „Свети Климент Охридски“

Добитници на наградата „Свети Климент Охридски“ за 2014 година се историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и на образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата.

– Денеска сум особено среќен што дадов придонес во образованието во Република Македонија и што во изминатите 25 години учествував во образувањето бројни генерации студенти, давајќи им и знаење и покажувајќи им го вистинскиот пат во животот – рече Стојковски.

Одлуката ја донесе одборот за доделување на наградата, под претседателство на академик Витомир Митевски.