Македонија Стојанче Ангелов ги повика граѓаните на масовен протест в сабота

Стојанче Ангелов ги повика граѓаните на масовен протест в сабота

Актери, новинари и активисти вечерва го поддржаа генералот Стојанче Ангелов во протестот за ослободување на МРТВ.

Генералот Ангелов смета дека кога ќе се ослободи телевизијата, тогаш граѓаните ќе можат да ја дознаат вистината за тоа како функционира актуелната власт.

По собирот пред МРТВ, граѓаните се упатија кон Јавното обвинителство, каде Ангелов рече дека обвинителството е должно да ја тргне забраната кон медиумите да не објавуваат за прислушуваните разговори.

– Забраната на МРТВ да ги емитува разговорите на опозицијата е само за заштита на режимот и верувам дека за неколку дена ќе го срушиме. Во моментот кога ќе нема таква одлука, Горан Петрески е должен веднаш да почне со емитување на „бомбите“. Доколку не сака, ќе му влеземе внатре – рече Ангелов.

Тој најави протести во истиот термин и во текот на наредните денови, но ги повика граѓаните масовно да излезат на ненасилен протест в сабота напладне.