Македонија Стоилковски: Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза

Стоилковски: Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза

За Стоилковски е најважно е партнерите да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и посочи дека се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа. За Стоилковски е најважно е партнерите да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби, а се внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во преговорите, кои не треба да бидат компромитирани на било кој начин и треба да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.

„Она што можам засега да го кажам е дека преговарачкиот процес се базира на принципи, пред се на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој“, рече Стоилковски и додаде дека преговорите ќе продожат и во следните денови.