Економија Ставрески: Буџетот е во одлична кондиција

Ставрески: Буџетот е во одлична кондиција

Буџетските приходи се повисоки за 13,5 проценти во однос на 2014 година и буџетот е во одлична кондиција. Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Тој додаде дека даночните приходи за осумте месеци од годинава се повисоки за повеќе од 14 проценти, односно за 12,8 милијади денари во однос на 2014 година.

– Добрата буџетска ликвидност овозможува навремено извршување на сите буџетски обврски, вклучително плаќањата на сите домашни фирми за јавните набавки што се вршат, плаќањата во однос на градежните активности, инвестициите и сè друго што овозможува развој на домашната индустрија и ангажман на домашните фирми – изјави Ставрески.

Според него, македонските фирми имаат најниски трошоци во Европа изразено преку ниските даноци со ефективна даночна стапка од 7,4 проценти.

– Само Македонија и Естонија овозможуваат фирмите што ќе ја реинвестираат добивката да не плаќаат данок. Овозможивме 37.000 такви мали и микропретпријатија да не плаќаат данок. Намалени се стапките на социјалните придонеси од 33 на 26,5 проценти – додаде Ставрески.