Економија Стапката на инфлација годинава се очекува да биде 1,6 отсто

Стапката на инфлација годинава се очекува да биде 1,6 отсто

Во рамки на надворешниот сектор, во третиот квартал од 2015 година на тековната сметка беше забележан суфицит од 142,4 милиони евра или 1,6 отсто од домашниот бруто-производ, се вели во соопштението на Народна банка.

– Истовремено, кај финансиската сметка беа остварени нето-одливи од 188,4 милиони евра или 2,1 отсто од домашниот бруто-производ, што првенствено ги одразува зголемените нето-обврски врз основа на трговски кредити. Остварените финансиски нето-одливи во третиот квартал беа малку повисоки од планираните и беа во согласност со очекувањата за овој период, дека дел од трансакциите во платниот биланс ќе бидат финансирани преку девизните резерви – се вели во соопштението на Народна банка.

За 2016 и за 2017 година повторно се очекува стапка на инфлација од околу 1,5 отсто и 1,6 отсто.

– Ризиците околу проекцијата се надолни, во услови на постојани надолни корекции на оцените за цените на нафтата и на храната. Сепак, треба да се има предвид дека движењето на цените на примарните производи, покрај условеноста со факторите од привремен карактер, тековно се соочува и со засилените геополитички фактори, со што неизвесноста околу нивната проекција и во периодот што претстои ќе биде релативно голема – додаваат од Народна банка.