Свет Балкан Српската полиција пресекла синџир за шверц на оружје во Франција

Српската полиција пресекла синџир за шверц на оружје во Франција

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека е пресечен голем синџир за шверц на оружје кон Франција. Уапсени се двајца српски државјани во акција на полицијата во Нови САД.

Стефановиќ истакна дека апсењето се случило синоќа, а акцијата, која траела неколку месеци, ја спровела новосадската полиција во соработка со жандармеријата.

– За време на апсењата, во возилата се запленети два пушкомитралези, нешто повеќе од три килограми експлозив, два автомати и поголемо количество муниција – прецизираше Стефановиќ.