Македонија „Средношколски пленум“ ќе продолжи со активности во септември

„Средношколски пленум“ ќе продолжи со активности во септември

„Средношколски пленум“ најави дека ќе продолжи со активностите во наредниот период за изменување на постојниот модел на екстерното тестирање.

Претставници од пленумот за „Дојче веле“ велат дека засилени активности ќе има поточно од септември, на почетокот на новата учебна година.

Барањето на „Средношколски пленум“ беше екстерното тестирање да се стави во мирување оваа година и оцените на матурантите кои го полагаа во јануари да не влезат во свидетелствата.

Еден од нивните предлози беше и да се оди со словенечкиот метод на тестирање со кој тестирањето се спроведува по анонимен пат со статистичка цел, без притоа оцените да влегуваат во просекот.

Ова барање не беше прифатено од Министерството за образование кое не ги ни образложи причините.