fbpx

ДЗС: Индустриското производство во септември помало за 4,1 отсто

-

Индексот на индустриското производство во септември 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, изнесува 95,9, односно истото е помало за 4,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Притоа, кај производство во секторот рударство и вадење на камен падот изнесува 9,7 отсто, во споредба со септември 2019 година, преработувачка индустрија забележала опаѓање од 1,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалувањето е за  13,2 отсто.

Според ДЗС, намалувањето на производството во преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалоци, текстил, облека, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, и на електрична опрема.

Кај главните индустриски групи, производството во септември оваа година, во однос на септември лани, бележи опаѓање кај Енергијата за 12 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 26,2 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто. Зголемување, пак, има кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 5 отсто и кај Капиталните производи за 2,4 отсто.

Од јануари до септември годинава, во однос на истиот период лани, индексот на индустриското производство изнесува 87,9, односно во деветте месеци тоа паднало за 12,1 отсто.

Инаку, падот на индустриското во минатиот месец, од 4,1 отсто, е најмал во однос на сите изминатите месеци од почетокот на ковид кризата. Поточно, тој во април изнесуваше 33,5 отсто во споредба со истиот месец 2019 година, во мај беше 27 отсто, во јуни 15,1 отсто, во јули 9,5 отсто и во август 9,1 отсто во споредба со месец август 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...