Македонија Средба на урбаните заедници во Чаир

Средба на урбаните заедници во Чаир

Акција за чистење

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити и директорите на јавните градски претпријатија, денеска присуствуваа на акција на јавните претпријатија, што во наредните три дена ќе се спроведува на територијата на оваа општина, како дел од единаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници.

Три дена јавните претпријатија ќе интервенираат во рамките на своите надлежности, односно ЈП „Комунална хигиена“ ќе ги чисти малите диви депонии и ќе ги поправа оштетените контејнери, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе работат на санирање на дупките и на општинските улици, ЈП„Водовод и канализација“ ќе ги исчистат шахтите на атмосферските и на фекалните канализации, а ЈП„Паркови и зеленило“ ќе ги искастрат старите и исушени гранки на дрвјата и ќе ги уредат јавните зелени површини во општината.

На средбата со урбаните и со месните заедници, покрај можноста за директно посочување на потребите на локалното население и проблемите со кои се соочуваат, средбата ќе биде искористена и за дискутирање на идните приоритети на Градот Скопје и на јавните претпријатија на територијата на Општина Чаир.