Македонија Средба меѓу македонски и бугарски бизнисмени

Средба меѓу македонски и бугарски бизнисмени

Работна средба помеѓу претставници на македонските бизнис-асоцијации и Бугарската стопанска комора денеска организира Македонско-бугарската стопанска комора.

На средбата ќе се разговара за потенцијалите за зголемување на трговската и на економската размена меѓу двете земји, како и за организацијата, темите и за формите на бизнис-форумот што треба да се одржи во Софија.