Maqedoni По несреќата кај Ласкарци вонреден технички преглед и на градските автобуси во...

По несреќата кај Ласкарци вонреден технички преглед и на градските автобуси во Скопје

Во Скопје се вршат вонредни технички прегледи на автобусите за градски превоз, по трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци, и поради тоа возниот ред ќе биде проретчен, односно автобусите ќе сообраќаат поретко. Денеска на ред се автобусите од линијата „19“, пишува „Порталб“.

Според информациите од Диспечерскиот центар од ЈСП на коишто се повикува порталот, како што ќе биде извршен технички преглед, така автобусите ќе се вклучуваат на линиите, но можни се мали доцнења. Притоа се опфатени главно приватните автобуси.

Претходно се вршеа вонредни технички прегледи на автобусите на фирмите од Гостивар, при што три автобуси беа прогласени за неисправни и исклучени за сообраќај.