Македонија Специјалната обвинителка Јанева ќе биде сместена во Министерство за правда

Специјалната обвинителка Јанева ќе биде сместена во Министерство за правда

Од денеска специјалната јавна обвинителка е сместена во просториите на Министерството за правда, објави „Телма“.

Ова го потврди министерот Јашари и додаде дека на специјалната обвинителка минатата недела ѝ биле понудени простории преку секторот за заеднички работи на Владата, но таа ги одбила како несоодветни.

По ова е распишан нов тендер за понуда на простории во кои ќе работи таа.