Македонија Спасовски: Криминалитетот намален за 8,31 отсто

Спасовски: Криминалитетот намален за 8,31 отсто

Хероинот соо тежина од околу пет килограми бил спакуван во девет пакувања. Фото: МВР

Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 oтсто, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук.

„Во периодот јануари – јуни 2022 година, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 10.834 кривични дела. Во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 oтсто, кое се должи на промените кои се евидентирани во областа на економскиот криминалитет, каде значително е намален бројот на кривичните дела кои се поврзани со непочитување на здравствените прописи во врска со епидемијата“, напиша тој.

Тој додаде дека вкупната направена штета изнесува 122.8 милиони денари.