Македонија Советот на општина Центар го изгласа буџетот за 2016 година

Советот на општина Центар го изгласа буџетот за 2016 година

Советот на општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2016 година, кој ќе изнесува 1.501.674.000 денари односно 25,5 милиони евра.

„Буџетот е креиран транспарентно, во соработка со граѓаните. Одржани беа форуми за буџетот, во соработка со Центарот на заедницата, на кои жителите на Центар укажуваа на што треба да се трошат парите“, велат од Општина Центар.

Од буџетот, меѓу другото, за одржување, изградба и за реконструкција на урбана опрема планирани се 9,46 милиони денари, за јавно осветлување – 41,5 милиони денари, за реконструкција на фасади – 27,6 милиони, за образование – 162,9 милиони, за изградба на ново основно училиште во Капиштец – 341 милион денари, од кои 100 милиони се планирани во буџетот за 2016 година, а за детска заштита ќе се издвојат 130,6 милиони денари.