Македонија Сообраќајот се одвива отежнато поради снежните врнежи

Сообраќајот се одвива отежнато поради снежните врнежи

Сообраќајот по државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија, а поради ниската температура на места е можна појава на голомразица.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на кракот Маврово – Дебар.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.