Македонија Сообраќајот надвор од градските средини е со зголемен интензитет

Сообраќајот надвор од градските средини е со зголемен интензитет

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и во засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Најмногу снег има во Маврово, Лазарополе и во Крушево, каде утринава е измерена и најниска температура од минус 13 Целзиусови степени.