Македонија СОНК го одби предлогот на Адеми

СОНК го одби предлогот на Адеми

Синдикатот за образование, наука и култура го одби предлогот на министерот за образование, Абдилаќим Адеми, прво да се прекине со штрајкот, па подоцна да се преговара. Оттаму велат дека ќе штрајкуват сè додека не почнат преговори со Министерството за образование.

– За нас е неприфатлива понудата на министерот за образование за прекин на штрајкот и почнување на преговори. Таквата понуда е против Уставот и против меѓународните конвенции за правото на штрајк – велат од СОНК.