Македонија Сончево време со умерена облачност

Сончево време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, со услови за појава на слаба магла во котлините во утринските часови. Попладне ќе дува слаб југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до четвртиот Целзиусов степен, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно, со услови за слаба магла во утринските часови. Во текот на денот се очекува повеќе разведрување.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.