Македонија Сончево време со температура до 13 Целзиусови степени

Сончево време со температура до 13 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со слаб ветер од северен правец, кој интензивно ќе дува во Повардарието и на планините.

Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 11 Целзиусови степени.