Македонија Сончево, со мала до умерена облачност

Сончево, со мала до умерена облачност

Времето  денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, проследена со умерен, а повремено и засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до нула Целзиусови степени, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во Скопје, утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне 11 Целзиусови степени.

Од денеска следува период на стабилно и посвежо време. Ќе дува слаб до умерен и повремено засилен северен ветер.