Македонија Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, а во котлини и по речните долини е можна појава на утринска магла. Кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста, особено во западните и во југозападните делови на земјава, а ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе достигне до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне до 16 Целзиусови степени.

Во следните два дена ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места повремено врнежите ќе бидат пообилни.