Македонија Сончево со локална облачност, наместа пороен дожд и грмежи

Сончево со локална облачност, наместа пороен дожд и грмежи

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, наместа ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 21 степен, а дневната од 29 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура до 18 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени.