Македонија Сончево и топло со температура до 42 степени

Сончево и топло со температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен југозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 15 до 22 Целзиусови степени, а максималната од 35 до 42 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, сончево и многу топло, со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 40 степени.

До утре нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса, која ќе предизвика сончево и многу топло време со натпросечна температура на воздухот. Максималната температура долж Поварадарието и во јужните делови од земјава ќе надмине 40 Целзиусови степени.

В недела посвежа воздушна маса од север ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и со појава на грмежи, особено попладне. Дневната температура ќе опаѓа, почнувајќи од северните делови за околу 5 Целзиусови степени, а во крајниот југоисточен дел сè уште ќе се задржи многу топло. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, која в понеделник и во вторник ќе биде во интервал од 22 до 31 Целзиусов степен. Потоа температурата ќе биде во постојан пораст.