Македонија Сончево и потопло со температура до 14 степени

Сончево и потопло со температура до 14 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови.