Главна секција Собраниската седница за уставните измени ќе почне во 15 часот

Собраниската седница за уставните измени ќе почне во 15 часот

Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени ќе продолжи во 15 часот, наместо како што првично беше најавено, во 12 часот денеска, соопштија од Собранието.

Како причина за одлагањето на почетокот на седницата во повеќе медиуми се наведуваат шпекулации дека сега се одвиваат разговори  за обезбедување двотретинско мнозинство меѓу владејачките партии и опозицијата.

Во собраниската зграда се и премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Седницата беше закажана за 12 часот, а по чекање од речиси два часа, беше одложена одложена за 15 часот.