Македонија Собраниска седница за повеќе закони

Собраниска седница за повеќе закони

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 49. седница. Ќе се расправа за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за заштита на потрошувачите и по дополнетиот предлог-закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост.

На дневен ред се и предлог-законите за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Европската унија за учество во Механизмот за цивилна заштита на Унијата, спогодбата меѓу македонската влада и шпанската влада за размена и заемна заштита на класифицирани информации, договорот за економска соработка меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија.