Македонија Собраниска седница за измени на законите за образование

Собраниска седница за измени на законите за образование

Денеска на 29. седница Собранието на Република Македонија  ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, во прво читање.

На дневен ред се други закони меѓу кои законите за изменување и дополнување на законите за за основното и за средното образование, како и предлог законите за Академијата за наставници, за наставници во основните и средните училишта, за oбука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, сите во прво читање.