Македонија Собранието ќе расправа за измените на законот за мигранти

Собранието ќе расправа за измените на законот за мигранти

Собранието на Македонија денеска како единствена точка на дневниот ред ја има расправата за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за азил и привремена заштита, по скратена постапка.

Според предложените измени, меѓу другото, со предлог-законот се предвидува странецот да се евидентира и да се упати во рок од 72 часа да поднесе барање за признавање право на азил.

Доколку не го стори тоа, со него ќе се постапува во согласност со прописите за странците. Според МВР, од почетокот на годинава досега, околу 30 мигранти, главно од Сирија и од Авганистан, ги загубиле животите во несреќи на македонските пруги. Народниот правобранител го покрена и прашањето за нивниот третман во Центарот за мигранти во скопската населба Гази Баба.