Македонија Собранието ќе ја одржи 37. седница

Собранието ќе ја одржи 37. седница

Собранието денеска ќе ја одржи 37. седница, на чиј дневен ред, меѓу другите точки, се предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за царинската тарифа, предлог-законот за дополнување на Законот за иновациската дејност и предлог-законот за изменување на Законот за шумите, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и по барање за давање на автентично толкување на член 9, став 5 од Законот за идентификација и регистрација на животните, поднесен од Љубица Буралиева, по барање за давање автентично толкување на член 113, став 2 од Законот за работни односи, поднесено од градоначалникот на Општина Гази Баба, како и по предлог-законот за прогласување на локалитетот парк-шума Гази Баба за парк на природата во прво читање.

На дневен ред се и дополнетиот предлог-закон за општата управна постапка, измените на Законот за управната инспекција, измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, на Законот за финансиската полиција, измените на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, измените и дополнувањата на Законот за царинската управа, сите во второ читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и дополнетиот предлог-закон за изменување на Законот за денационализација, предлог-законот за изменување на Законот за издавање обврзници на Република Македонија за денационализација, предлог-измените на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, сите во второ читање.

На дневен ред се и предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија во второ читање, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите во второ читање, предлог-законот за дополнување на Законот за судска служба во второ читање…