Македонија Собранието ќе има пет потпретседатели, усвоена предлог-одлуката на Џафери

Собранието ќе има пет потпретседатели, усвоена предлог-одлуката на Џафери

Собранието на денешното продолжение на 12. седница ја усвои предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на законодавниот дом.

Според одлуката, Собранието ќе има пет потпретседатели кои ќе се избираат од редот на пратеници кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.

Предлогот Собранието да има пет потпреседатели го дава претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери.

„Деловникот на Собранието на Република Македонија во членот 21 став 2 и Законот за Собранието на Република Македонија во членот 17 утврдуваат дека бројот на потпретседателите го утврдува Собранието по предлог од претседателот на Собранието и дека потпретседателите се избираат од редот на пратеници кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Согласно овие одредби, а имајќи ги предвид надлежностите на Собранието и на претседателот на Собранието утврдени во Уставот и Деловникот, предлагам Собранието да им пет потпретседатели“, стои во образложениот на предлог-одлуката на Џафери.