Македонија Собранието ќе биде отворено за посета и в петок

Собранието ќе биде отворено за посета и в петок

Граѓаните ќе можат да го посетат Собранието и на 2 декември (петок), поради голем интерес.

Како што информираат оттаму, тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на своите прашања.

Од Собранието потсетуваат дека вообичаено оваа институција е отворена за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефонот 02/3113-683 или на електронска пошта s.stamenkovska@sobranie.mk најдоцна пет работни денови пред посетата.