Македонија Собранието ѝ го одобри буџетот на Јанева

Собранието ѝ го одобри буџетот на Јанева

Со 64 гласа „за“ и со еден воздржан, денеска Собранието го усвои предложениот буџет за Специјалното јавно обвинителство.

Со одлуката се предвидува да се пренаменат средства од други институции на Република Македонија во износ од околу четири милиони евра, кои се наменети за непречено работење и за автономно функционирање на СЈО.

Финансиските средства за Специјалното јавно обвинителство ќе бидат наменети за исплата на средства за плати и за надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно-обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и на услуги, како и за капитални инвестиции на јавното обвинителство.