Македонија Собранието денеска ќе ја продолжи 61. седница

Собранието денеска ќе ја продолжи 61. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 61. седница, на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за безбедност на храната, за производи за заштита на растенијата, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, за угостителска дејност, за минерални суровини, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе ги разгледаат и предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за трговија, за вршење занаетчиска дејност, за превоз во патниот сообраќај, за градење, за животна средина, за безбедност и здравје при работа, за работните односи, за минимална плата во Република Македонија, за пензиското и инвалидското осигурување, за спортска академија, за филмската дејност, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и предлог-законите за изменување на законите за вработувањето и за осигурување во случај на невработеност и за здравственото осигурување, по скратена постапка, како и предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка, поднесен од група пратеници.