Македонија Собранието денеска ќе ја продолжи 54. седница

Собранието денеска ќе ја продолжи 54. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 54. седница, со расправа за измените и за дополнувањата на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во прво читање.

На дневен ред, меѓу другите, се измените и дополнувањата на Законот за хемикалии, на Законот за катастар на недвижности, како и измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и на Законот за превоз на опасни материи во патниот и во железничкиот сообраќај, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за предлог-закон за урбано зеленило, предлог-закон за изменување на Изборниот законик на Република Македонија, како и за барање за автентично толкување на член 5-б, став 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти.