Македонија Со закани изнудувале пари од Данец

Со закани изнудувале пари од Данец

Против струмичаните Ѓ.Д. (42), сопственик на а АОИЛ „Феникс“- Струмица, и Р.С.,(40), претседател на НВО „Порта“-Струмица, полицијата поднесе поднесе кривична пријава за изнуда.

Според МВР, во периодот од јули до септември 2013 година, со упатување сериозни закани по животот на фамилијата на дански државјанин, со престојувалиште во Струмица, осомничените повеќепати се обиделе да изнудат 50.000 евра.