Дописници Со средства од ЕУ ќе се гради еко-музеј во Дебрца

Со средства од ЕУ ќе се гради еко-музеј во Дебрца

Општина Дебрца започна со реконструкција во eко-музеј Белчишко Блато „Сини вирој“ на старата зграда, касарна во село Белчишта.

Средствата за реализација се озбезбедени од грант во рамките на ЕУ-ИПА проектот за „Подобрување на заштитата на природните растенија во пограничната област”, со вкупна вредност од еден милион и 250 илјади евра, а за Општина Дебрца се издвоени 241.000 евра.

Дополнителен буџет е предвиден и за целосно опремување на внатрешните простории со современа техничка опрема и мебел, каде ќе бидат изложени убавините на Блатото, кои ќе станат подостапни за туристите од регионот.