Култура Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски се отвора литературниот фестивал...

Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен утревечер во Даут-пашиниот амам во Скопје и ќе трае до 17 септември

Фото: Про-За

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен утревечер во Даут-пашиниот амам во Скопје, а гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември, се врвни автори од регионот, Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски.

На вториот фестивалски ден, во Бугарскиот културно-информативен центар ќе се одржи традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и тркалезна маса на тема „Литературата како форма на отпор“. На 17 септември е закажана посебна книжевна средба со Ван Хоф и Бернар во Францускиот институт во Скопје. Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на српскиот писател Владимир Пиштало на затворањето на фестивалот на 17 септември. На 18 септември во Кинотека од 20 часот, во рамките на офф-програмата, ќе биде прикажан филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ.