Македонија Со 100.000 евра в џеб, странски државјанин спречен да патува за Цирих

Со 100.000 евра в џеб, странски државјанин спречен да патува за Цирих

„При контрола, во предните и задните џебови на патникот се пронајдени 100.000 евра кои не биле пријавени“, соопштуваат во Царина

Фото: Царинска управа

Царински службеници спречиле обид за нелегално изнесување на девизи и заплениле 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А. кој патувал на релација Скопје – Цирих, соопштуваат од Царинска управа.

„Патникот, кој бил странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на излез од Република Северна Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола. При контрола, во предните и задните џебови се пронајдени 100.000 евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење“, информираат во Царина.

Согласно Законот, вратени му се 10.000 евра, а останатите 90.000 евра за кои не поседувал документ, се привремено задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.