Македонија Снема струја среде дебата со Заев на „Нова ТВ“

Снема струја среде дебата со Заев на „Нова ТВ“

Снема струја на половина на дебатната емисија „Нова дебата“ на „Нова ТВ“, во која гостин беше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според она што на социјалните мрежи го пишуваат новинарите на „Нова ТВ“, електричната енергија е прекината само кај нив во студиото, кое се наоѓа во центарот на Скопје.

Заев во емисијата одговараше на прашања што граѓани ги поставуваа преку социјалните мрежи.

Тој, меѓу другото,  најави дека веќе се подготвени нови „бомби“ во врска со „Скопје 2014“ и на други теми и ја исклучи можноста за преговори со власта.

Заев потврди дека изборите се логична разврска на кризата, како и дека се надева оти целата ситуација ќе се реши на мирен начин.