Дописници Снегот ја одложи и седницата на охридскиот градски Совет

Снегот ја одложи и седницата на охридскиот градски Совет

Поради неповолната временска состојба, која предизвика низа проблеми во системот за снабдувањето со електрична енергија во Охридско, седницата на Советот на Општина Охрид, која требаше да се одржи денеска, е презакажана за утре во 10 часот.

На оваа седница советниците ќе расправаат за предлог-одлуките за развојните програми и за буџетот за 2015 година.

Исто така, на дневен ред на седницата ќе се најдат и предлог-одлуката за измена и за дополнување на одлуката за начинот и поблиските критериуми за доделување финансиска поддршка на домашни и на странски авиопревозници, како и програмите за работа на јавните претпријатија и неколку точки од сферата на урбанизмот.