Свет Европа Сменет шефот на тајната служба во Украина

Сменет шефот на тајната служба во Украина

Украинскиот парламент денеска го смени шефот на тајната служба, Валентин Наливаинчеко, кој е во отворен судир со украинските власти, особено со обвинителството.

Наливаинчеко е именуван за шеф на тајната служба во февруари 2014 година, откако беше симнат од власт поранешниот претседател Виктор Јануковиќ.

Тој дал значаен придонес во собирањето податоци за случаите на корупција, во кои, наводно, се вклучени и некои актуелни високи украински функционери.