Економија Сме потрошиле 602.078 мегават-часови електрична енергија во јули

Сме потрошиле 602.078 мегават-часови електрична енергија во јули

Вкупната потрошувачка во јули, по видови енергенти, изнесува 602.078 мегават-часови електрична енергија, 2.336 милиони кубни метри природен гас, 430.246 тони јаглен и 87.434 тони нафтени продукти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 64,03 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.